Религиозните искуства можат да имаат исти ефекти на мозокот како и земањето на дрога, вели најновата студија на научниците на американскиот Универзитет Јута.
Научниците од Универзитетот користеле магнетна резонанца за да ги следат активностите на 19 припадници на движењето на Мормоните додека извршувале низа на активности која што вклучувала одмарање, гледање на црковни известувања, молитви, читање на не-мормонска религиозна литература, како и читање на Библиja.
Истражувачите избрале млади Мормони – 7 жени и 12 мажи кои што имале од една до две години работа како мисионери што кај Мормоните е вообичаена работа.
За време на исптражвањето, на учесниците им било кажано да притиснат копче кога ќе „почувствуваат присуство на дух“.
Кога ги проучувале снимките од мозокот, истражувачите забележале дека одредени делови од мозокот посебно реагираа кога испитаниците пријавувале дека чувствуваат присуство на дух, односно кога кај нив завладеале „духовните мисли“.
Научниците велат дека ова се истите делови од мозокот кои што реагираат кога се слуша музика, ќе се почувствува љубов или пак ќе се земе марихуана. Овој дел од мозокот е познат како „центар за награди“ кој што има клучна улога во испуштањето на допамин – кој што влијае на расположението на човекот.
Сепак, научниците се согласуваат дека религиозната неврологија е сосема млада гранка и ова е само една од првите студии кои што се направени на ова поле. Тие велат дека илјадници луѓе донесуваат одлуки врз основа на нивните религиозни чувства и тоа е важен мотиватор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст