| четврток, 6 декември 2018 |

Од овие мажи треба да бегате…

Ако со новото момче се гледате веќе месец дена и ниту еднаш не ве прашал за тоа каде сакаш да одите вечер, што сакаш да јадете, кој филм да го гледате, подалеку од него

Пред да се впуштите во сериозна врска и да се заљубите во некој маж кој што е самобендисан треба да ги знаете овие неколку работи. Пред се постојат самобендисани и самобендисани мажи кои се тотално заљубени во себе. На почеток можеби нема да успеете да го забележите тоа, но имајте го на ум следново.

Сите одлуки ги донесува сам

Ако со новото момче се гледате веќе месец дена и ниту еднаш не ве прашал за тоа каде сакаш да одите вечер, што сакаш да јадете, кој филм да го гледате … тогаш побрзо реагирајте на ова или одалечете се од овој човек. Тоа е првиот симптом на таканаречените нарциси.

Ако не е по негово се карате

Овој тип на мажи не знаат да седнат и да разговараат за дадениот проблем. Се борат да го истераат своето, а во спротивно се караат со девојката. Тие ќе збеснат ако не биде како што си наумиле.

Ретко троши пари за вас

Ниту еднаш не ве почастил? Дури ни на првиот состанок? Шест месеци сте задно и не сте добиле ниту еден подарок од него? Во спротивно тој си троши за себе, секој ден  е во кладилница, на пиво со другарите, ова е ситуација од која треба сериозно да се плашите. Признале или не вашиот љубен е самобендисан фраер.

Се натпреварува со вас

Доколку ова се случува низ игра тоа е одлично, но доколку тој во секојдневието има натпреварувачки манири, тогаш е страшно. На пример вие пред друштво, кажувате ваше мислење за некој филм, а тој ве надополнува, како божем тој го режирал филмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top