| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случи со партнерот на Северина од нејзиното секс-видео?

Милан Лучиќ во 2004 година беше во врска со позната пејачка Северина Вучковиќ, а нивното домашно видео кое исплива во јавноста и ден денес е хит на видео мрежите но и порно сајтовите.

Кариерата на Северина потоа тргна по нагорна линија, додека Милан во земја пропадна – пишува Свет.рс.

Пред десетина година Милан Лучиќ беше еден од најбогатите Херцеговци, а вредноста на неговиот имот беше проценува на повеќе од 600 милиони куни.

Речиси не постоел бизнис во кој Милан не бил вклучен. Тој работел со нафта, осигурување, малопродажба, банкарство, недвижности… Меѓутоа, во меѓувреме, неговиот живот тргнал наопаку. Лучиќ, инаку ретко кога се појавувал во јавноста, а речиси го нема последните години откако бизнисите му одат сè полошо.

Наводно, Милан денес не е богат како порано. Неговото богатство се преполовило, а австриското обвинителство минатата година против него покренало обвинение во случајот Хилтоп. Тешко е да се пребројуваат сите проекти на Лучиќ во Хрватска, а повеќето од нив се проследени со бројни контроверзии и главно завршиле неславно.

Судбината на хрватските фирми на Лучиќ ја делат и неговите херцеговачки компании, а бидејќи нема пари да ги подмири повеќемилионските долгови кон државата, даночната управа на БиХ полека го распродава неговиот имот – пишува „Тпортал.хр“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top