| четврток, 6 декември 2018 |

Топ 25 вицови во 2016

Најдобрите вицови во 2016 година: 

1.
– Извинете, дали се морковиве генетски модифицирани?
Продавачот: Не! Зошто прашуваш? …
Морковот: Стварно, зошто прашуваш?

2.
На судење, судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто ја ограбивте банката?
– Она прва почна.

3.
Разговараат двајца алкохоличари:
– Колку треба да испиеш за да имаш три промили алкохол во крвта?
– Паа, треба два дена да не пијам ништо.

4.
– Господе, атеисти сакаат да ве видат.
– Кажете им дека ме нема.

5.
– Извини, кај е ‘Балет’?
– Идеш право по булевар, па скршнуваш по тесни улички, луташ и ако не се снајдеш, ти се стеснуваат опциите и таму си.

6.
– Ало мамо немој да паничиш јас сум во болница…
– 8 години си доктор, престани да се јавуваш и да тресеш глупости.

7.
– Пијана си?
– Не.
– Ај дувни.
– Дуувни ветрееЕее развигорче тм тм тм…
– Стани.
– Стани моме даа заиграшшш…

8.
– Каде е жена ти?
– Топи чварки.
– Свиња колевте?
– Не, се сунча.

9.
– Имам симпатија.
– Не, имаш 30 години, магаре едно.

10.
– Ај една песна за ќерка ми!
– Која?
– Сине мој…!

11.
Кога неготинчанец е најмногу сконцентриран?
– Кога претура ракија од голема туба во шише.

12.
– Нема да одам на свадба.
– Ќе одиш и оро ќе играш.

13.
– Жена може со само една реченица да те крене до небо и да те тресне од земја истовремено.
– Која е таа реченица?
– На комшијата му е помал!

14.
На ФОН:
– Колега учевте?
– Да професоре учев.
– Немало потреба колега.

15.
– Што си во хороскоп?
– Риба.
– Ааааа си одговараме.
– Зошто, ти да не си лимон?!

16.
– Тато, мамо, морам да ви кажам нешто, аплицирав за бугарски пасош и ве пишав Бугари.
– Ама сине!
– Њама ама, всичко е добре.

17.
– СИ ПИЕЛ?
– Недум… несун… месум… ПИЕВ

18.
– Со колку фактор сакате да биде кремата?
– Со 30.
– Доволно ќе Ви е?
– Ако згрешам, нека изгорам.

19.
Во македонска болница постојат две дијагнози:
– Не ти е ништо,
– Што си чекал до сега.

20.
– Дечко ти за шишање ли си?
– Не, ја дојде да го прочитам овај Скандал од 2010 година.

21.
– Бабино, сакаш кафе?
– Не бабо, ретко пијам кафе.
– Епа ретко ќе ти го направам де.

22.
– Како се викаш?
– Софи.
– Од Софија?
– Не, од Берово сум.

23.
Два типа на камен:
– скапоцен и
– пијан.

24.
– Спакувај ми го воа за дома, не можам сè да изедам.
– Дечко, воа е шведска маса.

25.
– Како се вика поза 69 кај педерите?
– Јајца на око.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top