Рускиот претседател го одбил предлогот да се протераат 35 американски дипломати како реакција на сличната мерка на САД. Тој изјавил дека потегот на Обама бил повлечен за да предизвика реакција, но Русија нема да загризе на мамката.
-Го задржуваме правото да возвратиме, но нема да западнеме на ова ниво на неодговорна дипломатија. Ќе преземеме дополнителни мерки за да ги обновиме Руско-Американските релации преку политиките кои ги застапува администрацијата на новиот претседател – Доналд Трамп, истакнал Путин преку соопштение.
Тој истакнал дека му е жал што администрацијата на Обама го завршува својот мандат на таков начин и уште еднаш му честитал на новоизбраниот претседател Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.