| четврток, 6 декември 2018 |

Девиците подалеку од жолто, Близнаците никако во сино – како да се облечете за Нова година

Совети од астролози за избор на боја за облеката во новогодишната ноќ за секој хороскопски знак.

Овен: Претставниците на овој знак потребно е да ги преферираат портокаловите нијанси. Мажите ќе бидат неодоливи со портокалова вратоврска.

Бик: Астролозите препорачуваат на новогодишната ноќ овие знаци да ја носат сината боја во било која нијанса, измешана со црна боја. На пример, обичен црн костум и светлосина кошула или црн фустан со сина марама.

Близнаци: За да биде добра годината, тие треба да бидат облечени во светли нијанси на зелена или жолта. Но во никој случај да не носат сина боја, во оваа новогодишна ноќ зашто сината не е Вашата боја за 2016.

Рак: На нив им се препорачува да се облечени во виолетова и нијанси на сината боја.

Лав: Златна – најдобар избор за влегување во 2017 година.

Девица: Вие сте ѕвезда, Ви се нуди избор од неколку бои. Најдобро е да се во црвени нијанси, исто така се погодни и сина, виолетова и нијанси на зелена боја. Но жолт фустан на девојките астролозите не им препорачуваат.

Вага: Единствено што велат за нив астролозите, е да бидат, модерни, елегантни, но за балансот на боите може спокојно да одлучат сами!

Скорпија: Обидете се да најдете во Вашата гардероба облека во светли бои, по можност бела боја. Бело – е Вашата боја за среќа во текот на целата година!

Стрелец: Бојата за 2017 година е сината! Во овие нијанси ќе се чувствувате мирно и ќе бидете во хармонија со себе си и другите.

Јарец: Препорачливо е во целата 2017 да носите нијанси на зелена боја.

Водолија: Боја – жолта. Или … портокалови нијанси, тоа сте Вие во 2017.

Риби: За вас астролозите препорачуваат да комбинирате црно и бело во годината ѓто следи, а на Нова Година е подобро да Ве видат во жолта или црвена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top