| четврток, 6 декември 2018 |

Битката против редефинирање на Македонија не запира

Тер­ми­ни­те „ре­де­фи­ни­ра­ње“, „кан­то­ни­за­ци­ја“ и „фе­де­ра­ли­за­ци­ја“ ја обе­ле­жаа го­ди­ната во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја го пре­жи­веа нај­го­ле­ми­от удар на др­жав­но­ста. Нај­кра­тки­от опис за тоа што се слу­чу­ва­ше на по­ли­тич­ки план е со­др­жан во Прог­ла­сот на ВМРО-ДПМНЕ. Ре­зул­та­ти­те од из­бор­на­та игра од 365 де­на нѐ вне­су­ва­ат во го­ди­на на дол­ги пре­го­во­ри

Це­ла го­ди­на по­ми­на во оче­ку­ва­ње на пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри, кои, спо­ред си­те до­го­во­ри, тре­ба­ше да би­дат крај на кри­за­та или ба­рем ос­но­ва за из­лез од неа. Три­па­ти до­го­ва­ра­ни, два­па­ти од­ло­жу­ва­ни, всуш­ност це­ла го­ди­на бе­ше под­го­то­вка за из­бор­ни­от ин­же­не­ринг во кој е втур­на­та др­жа­ва­та со крај­на цел – неј­зи­но де­фи­ни­тив­но раз­не­би­ту­ва­ње и га­зе­ње врз Ма­ке­до­не­цот со ба­ра­ња за одре­чу­ва­ње од др­жав­ни­те сим­бо­ли и од име­то. Тоа на што се пре­ду­пре­ду­ва­ше, на­ме­ри­те за дво­ја­зич­ност и на­пред­ни фор­ми кон фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та, до­би по­твр­да и од го­ди­неш­ни­от но­си­тел на таа иде­ја, ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев. Кул­тур­но­то име за тој про­цес, спо­ред све­до­че­ња­та на не­го­ви­те парт­не­ри во тој про­цес, но­во­фор­ми­ра­на­та ра­ди­кал­на БЕ­СА и ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, го но­си име­то „ре­де­фи­ни­ра­ње“. Ток­му тие тер­ми­ни, „ре­де­фи­ни­ра­ње“, „кан­то­ни­за­ци­ја“ и „фе­де­ра­ли­за­ци­ја“, ја обе­ле­жаа оваа го­ди­на ко­га Ма­ке­до­ни­ја го пре­жи­веа нај­го­ле­ми­от удар на др­жав­но­ста.

Во тој про­цес за фа­бри­ку­ва­ње на не­ко­ја но­ва др­жа­ва на за­па­ден Бал­кан беа и се вклу­че­ни си­те пр­жин­ски фран­кен­штај­ни и нив­ни­те кре­а­то­ри. Без иск­лу­чок, на тој спи­сок се комп­лет­ни­от со­став на СЈО, на­мет­на­ти ми­ни­стер­ски функ­ции за ор­га­ни­зи­ра­ње из­бо­рен ин­же­не­ринг, ди­ко­ви за при­вид на ха­ос во из­бор­ни­от ин­же­не­ринг на па­тот кон цел­та, ад­хо­кфи­ли­ча­ри за ме­ди­ум­ско пер­е­ње мо­зок. Си­те тие кре­а­тур­ни те­ла се смис­ле­ни од стран­ски на­вод­ни до­бро­на­мер­ни­ци со сво­и­те ме­га­фо­ни од ам­ба­са­до­ри, кон­зу­ли, ме­ди­ја­то­ри, кои за­ед­но со вон­пар­ти­ски и пар­ти­ски ка­тиљ-ду­ше­гриж­ни­ци вдо­ме­ни во тие но­ви ин­сти­ту­ции беа со­бра­ни за ед­на упо­тре­ба – по­втор­но да се из­мис­ли др­жа­ва­та во за­па­ден Бал­кан чи­е­што акту­ел­но ле­ги­тим­но име и уре­ду­ва­ње не се ни спо­ме­ну­ва. Де­жур­ни­те пи­шу­ва­чи на уста­ви и исто­рии пред очи­те на на­ро­дот кро­е­ја но­ва ка­па за Ма­ке­до­ни­ја, а ме­ра­та ја зе­ма­ат фи­нан­си­е­ри­те на но­ви­те со­ци­јал­де­мо­крат­ски ба­зи од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра.

Оваа го­ди­на по­ми­на са­мо ка­ко ин­серт од не­кол­ку­го­диш­на­та кри­за чи­ја­што раз­вр­ска се пре­фр­лу­ва во след­на­та го­ди­на, па за­тоа не мо­же та­кса­тив­но да се на­бро­јат на­ста­ни­те кои на кра­јот ре­зул­ти­раа со ин­же­не­ринг со кој ба­сти­о­ни­те на ра­ди­ка­лиз­мот соз­да­доа при­вид­на ба­за на гла­со­ви за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та, а на крај да се ба­ра и ну­ди кон­сен­зу­ал­ност, дво­ја­зич­ност, ре­де­фи­ни­ра­ње, ло­кал­ни (кан­то­нал­ни) ет­нич­ки по­ли­ции…

Ве­ро­јат­но мал­ку­ми­на ве­ру­ваа де­ка СЈО ќе да­де од­го­вор за тоа кој прис­лу­шу­вал и ка­де ис­чез­наа 500.000 раз­го­во­ри. СЈО не да­де од­го­вор ни­ту ка­де ги тро­ши па­ри­те, освен за вдо­му­ва­ње на пар­ти­ски­те опо­зи­ци­ски ка­дри. На­ме­сто от­чет пред Со­бра­ни­е­то и на­дре­де­ни­от со­вет, глав­ни­от лик, до­де­ка ба­ра­ше про­дол­жу­ва­ње на ман­да­тот и па­ри, др­ско го не­ги­ра­ше ле­ги­ти­ми­те­тот на Со­бра­ни­е­то пот­пи­рај­ќи се на не­ле­гал­но стек­на­ти­те раз­го­во­ри, кои СДСМ ги из­де­ли за неа. Ток­му та­ка, од раз­го­во­ри­те што беа из­де­ле­ни за СЈО би­деј­ќи дру­ги­те раз­го­во­ри се ко­ри­стеа за уце­ни, нап­ла­ти, прес­ме­тки и за ре­ван­ши­зам. Со нив јав­но беа ди­скре­ди­ти­ра­ни ли­ца од бан­кар­ски­от, де­лов­ни­от и ме­ди­ум­ски­от се­ктор. Вр­вот со раз­го­во­ри­те се по­стиг­на пред из­бо­ри­те во април, оние за­ка­жа­ни, па од­ло­же­ни, што се сов­па­ѓа со про­дол­жу­ва­ње на хи­по­те­кар­ни­от кре­дит на СДСМ во ед­на од ко­мер­ци­јал­ни­те бан­ки. СЈО и за ова не ви­де при­чи­на да по­ра­бо­ти. И за тоа не­ма­ше ни­ка­ква ре­ак­ци­ја од СЈО иа­ко на пр­ви април (ка­ква сим­бо­ли­ка) нај­а­ви­ја де­ка за та­кви об­ја­ву­ва­ња ќе има за­твор­ски каз­ни од ед­на до пет го­ди­ни. Но, ако не по сра­бо­те­но­то, спе­ци­јал­на­та ќе оста­не за­па­ме­те­на по скан­да­лоз­но­то ин­терв­ју за МТВ под уред­нич­ка­та пал­ка на СДСМ. Се­ка­ко, ја па­ме­ти­ме и свад­ба­та на неј­зи­на­та ќер­ка што пре­диз­ви­ка за­стој во про­це­сот „Пуч“ од нај­мал­ку цел ме­сец.

И до­де­ка по сним­ки­те, оние да­де­ни за Ја­не­ва, се отво­ре­ни не­кол­ку истра­ги без вид­лив фи­ниш, за оста­на­ти­те е за обе­ле­жу­ва­ње ак­ци­ја­та и пре­су­да­та за слу­ча­јот „Фа­бри­ка­та за афе­ри“. За­хир Бе­ки­ри-Ча­уш ка­ко член на СДСМ бил во вр­ска со фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни до­ку­мен­ти од ка­де што СДСМ и ги поч­на „фан­то­ми­за­ци­ја­та“ на Из­би­рач­ки­от спи­сок и ос­по­ру­ва­ње­то на из­бор­ни­те про­це­си. Кај не­го беа про­нај­де­ни и дел од оста­на­ти­те раз­го­во­ри. Во вр­ска со прис­лу­шу­ва­ње­то, но и со слу­ча­јот „Шпи­он“, од Ср­би­ја во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше ис­по­ра­чан Зо­ран Бо­жи­нов­ски.

akt226-rep-1

Пре­ку обид за во­ве­ду­ва­ње се­којд­нев­на улич­на де­мо­кра­ти­ја, не­кол­ку па­ти го­ди­на­ва, за сре­ќа, бе­ше из­бег­нат отво­рен су­дир ме­ѓу гра­ѓа­ни­те, но и за­зе­ма­ње ин­сти­ту­ции. Глав­на уло­га имаа про­дол­же­на­та ра­ка на СДСМ и фи­нан­си­е­рот Со­рос, лаж­ни­от гра­ѓан­ски кон­цепт кој по­тоа до­би име „Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“. Не мо­же да се изо­ста­ват не­кол­ку клуч­ни мо­мен­ти. Пр­ви­от од нив е ко­га по не­кол­ку­те про­те­сти пред Устав­ни­от суд се нај­а­ви обид за за­зе­ма­ње на ин­сти­ту­ци­ја­та, по што се ор­га­ни­зи­ра­ше дру­га гру­па ко­ја де­жу­ра­ше пред об­је­ктот. Ме­ѓу две­те на­со­бра­ни тол­пи бе­ше по­ста­ве­но сил­но по­ли­ци­ско обез­бе­ду­ва­ње, до­де­ка акту­ел­ни­от тех­нич­ки ми­ни­стер во МВР ја пред­во­де­ше гру­па­та ко­ја на­си­ла са­ка­ше да ур­не еден од стол­бо­ви­те на др­жа­ва­та. Ка­ко ини­ци­јал­на ка­пис­ла за на­силс­тво бе­ше иско­ри­сте­на од­лу­ка­та за або­ли­ци­ја ко­га на­силс­тво­то ор­га­ни­зи­ра­но се из­леа пр­во пред на­род­на­та кан­це­ла­ри­ја на пре­тсе­да­те­лот на РМ, а по­тоа се­којд­нев­но беа ата­ку­ва­ни ин­сти­ту­ции, спо­ме­ни­ци, кул­тур­ни обе­леж­ја од лаж­ни­от гра­ѓан­ски се­ктор кој по­тоа си нај­де свое ме­сто на пра­те­нич­ки­те ли­сти на СДСМ. Не смее да се за­бо­ра­ви де­ка со по­че­то­кот на на­силс­тва­та, па­ле­ња­та и кр­ше­ња­та Зо­ран За­ев спом­ну­ва­ше укра­ин­ско сце­на­рио. По отво­ра­ње­то на мож­но­ста за пов­ле­ку­ва­ње на або­ли­ци­ја­та, тоа не го сто­ри­ја са­мо За­ев за „Гло­бал“ и Зо­ран Ко­стов­ски, единс­тве­ни­от осу­ден по приз­на­ние за слу­ча­јот „Пуч“. Во це­ли­от тој ве­штач­ки кре­и­ран на­бој на­стра­даа и не­кол­ку слу­чај­ни ми­ну­ва­чи што беа цел на на­па­ди од тол­па­та, а по­ли­ци­ја­та не ре­а­ги­ра­ше. Тре­ти­от, се чи­ни клу­чен, мо­мент се слу­чи кон кра­јот на ју­ни ко­га бе­ше ис­це­ни­ран обид за ури­ва­ње на спо­ме­ник спро­ти Со­бра­ни­е­то за да се пре­диз­ви­ка отво­рен су­дир со по­ли­ци­ја­та. И до­де­ка тра­е­ше уни­шту­ва­ње­то на ин­сти­ту­ци­и­те со бо­е­ње и со кр­ше­ње, во што отво­ре­но учес­тву­ва­ше СДСМ, за од­но­сот кон по­ли­ци­ски­те служ­бе­ни­ци ќе оста­нат за­па­ме­те­ни по­ра­ки­те упа­те­ни од де­мон­стран­ти­те кон нив, ка­ко „Ку­ма­но­во да ви се де­си“.

akt226-rep-2

Ми­ни­стри­те и за­ме­ни­ци­те од СДСМ отво­ре­но ги зло­у­по­тре­бу­ваа функ­ци­и­те во пар­ти­ски це­ли, но и соз­да­ваа ха­ос, осо­бе­но во ра­бо­те­ње­то на по­ли­ци­ја­та. Не са­мо што пре­рас­пре­дел­би­те по­втор­но вне­соа пар­ти­за­ци­ја во из­гра­де­ни­от си­стем за ка­ри­е­ра, ту­ку во мо­мен­ти­те на до­маш­ни­те по­сто­ја­ни при­ти­со­ци, ка­ко и при­ти­со­ци­те од ми­грант­ски­от бран, по­ли­ци­ја­та пот­пад­на и во фа­за, спо­ред збо­ро­ви­те на ди­ре­кто­рот на БЈБ, на фор­ми­ра­ње па­ра­по­ли­ци­ски си­ли. Пр­ви­те оби­ди за еска­ла­ци­ја на со­стој­ба­та се по­ка­жаа пре­ку не­за­кон­ско­то ан­га­жи­ра­ње на „ал­фи­те“ ко­га Ја­не­ва од вле­гу­ва­ње­то во МВР на­пра­ви спе­ктакл, но и со де­лу­ва­ње­то на не­за­кон­ски­те ка­дров­ски ре­ше­ни­ја на си­те ни­воа во­оп­што. Дел од мо­мен­ти­те кои ќе оста­нат од оваа го­ди­на за не­ко­ја след­на ана­ли­за до­го­ди­на се вме­ша­но­ста на по­ли­ци­ски на­чал­ни­ци во из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти.

Но­ви­от со­став и ин­ге­рен­ции на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја пре­диз­ви­ку­ваа по­тре­си во оп­штес­тво­то. Не­ма сом­неж де­ка ДИК, под ра­ко­водс­тво на Чи­ча­ков­ски од СДСМ, со об­ја­ву­ва­ње­то на не­про­чи­сте­ни­те спи­со­ци до­би­е­ни од МВР под тех­нич­ко ми­ни­сте­ру­ва­ње на Спа­сов­ски бе­ше во функ­ци­ја на „фан­то­ми­зи­ра­ње“ на гла­са­чи­те иа­ко на не­го се нај­доа мно­гу звуч­ни ими­ња од СДСМ. Чи­ча­ков­ски на по­че­то­кот на го­ди­на­та пар­ти­ски оди­гра за од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те на 24 април на­мет­ну­вај­ќи го сво­јот став за не­под­го­тве­ност за кре­ди­бил­ни из­бо­ри ка­ко став на ДИК. На кра­јот на го­ди­на­та, отка­ко „ус­ло­ви­те за из­бо­ри“ до­би­ја по­твр­да од по­ли­тич­ки­те пар­тии, из­бо­ри­те се до­го­во­ри­ја и се одр­жаа сре­де зи­ма, во де­кем­ври. Тие из­бо­ри, вклу­чи­тел­но и јав­на­та ра­бо­та на ДИК по од­лу­чу­ва­ње­то за под­не­се­ни­те при­го­во­ри, ги по­твр­ди­ја из­бор­ни­от ин­же­не­ринг под­др­жан од над­вор и на­ме­ри­те за во­скрес­ну­ва­ње на иде­ја­та за ре­ска ет­нич­ка по­дел­ба на др­жа­ва­та, за кои се пре­ду­пре­ду­ва­ше уште на по­че­то­кот на го­ди­на­та.

Нај­кра­ток опис за тоа што се слу­чу­ва­ше на по­ли­тич­ки план во си­от овој пер­и­од е Прог­ла­сот на ВМРО-ДПМНЕ со­оп­штен пред јав­ни­от спе­ктакл на ДИК за од­лу­ка­та за прег­ла­су­ва­ње на ед­но ме­сто во те­тов­ско Те­ар­це. ВМРО-ДПМНЕ наг­ла­си де­ка не­ма да доз­во­ли фал­си­фи­ку­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те. Вто­ро, мо­ра да за­пре ме­ша­ње­то на ам­ба­са­до­ри­те во вна­треш­на­та по­ли­ти­ка, а др­жа­ва­та су­ве­ре­но да ги до­не­су­ва од­лу­ки­те. Тре­то, ВМРО-ДПМНЕ не­ма да при­фа­ќа не­стан­дард­ни или хи­брид­ни ре­ше­ни­ја во кој би­ло се­ктор, а ги не­ма во ЕУ. Че­твр­то, ВМРО-ДПМНЕ не­ма да при­фа­ти и не­ма да доз­во­ли кан­то­ни­за­ци­ја и ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та под ка­кви би­ло ус­ло­ви или окол­но­сти. Пет­то, ВМРО-ДПМНЕ нај­а­ви бор­ба за де­со­ро­со­и­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и јак­не­ње на не­за­вис­ни­от гра­ѓан­ски се­ктор, кој не­ма да би­де под ни­чи­ја кон­тро­ла, со ре­гу­ли­ра­ње на фи­нан­си­ра­ње­то на фон­да­ци­и­те и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции по тер­кот на нај­на­пред­ни­те де­мо­кра­тии во све­тот.

Овој прог­лас за мно­гу­ми­на без сом­неж пре­диз­ви­ка по­ме­сту­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка шах- таб­ла и во ос­но­ва ја по­ка­жа се­та зад­ни­на на де­ма­го­ги­и­те за „сло­бо­да и де­мо­кра­ти­ја“. Де­ма­го­гии чи­ја­што су­шти­на ја откри За­ев во на­ста­пот пред ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра во Швај­ца­ри­ја, ка­де што оти­де „пре­ку рам­ков­ни­от“ иде­а­ли­зи­рај­ќи го кон­цеп­тот се­кое се­ло – кан­тон, за по­тоа да по­ну­ди ло­кал­ни по­ли­ции и ма­тич­ни еви­ден­ции во па­кет со дво­ја­зич­ност во це­ла­та зем­ја. Ток­му во тоа ле­жи и од­го­во­рот што тол­ку дра­ма­тич­но се про­ме­ни од ју­ни до кра­јот на август за СДСМ да при­фа­ти де­ка има ус­ло­ви за из­бо­ри. Те­ре­нот и гла­са­ње­то во ал­бан­ски­те сре­ди­ни ја по­ка­жа таа раз­ли­ка.

Си­те овие ис­преп­ле­те­ни слу­чу­ва­ња се са­мо дел од мо­за­и­кот што го со­чи­ну­ва­ше 2016 го­ди­на, ко­ја поч­на со пов­ле­ку­ва­ње­то на Ни­ко­ла Гру­ев­ски, во рам­ки на до­го­во­ре­ни­те 100 де­на пред из­бо­ри­те и фор­ми­ра­ње­то на т.н. вла­да за спро­ве­ду­ва­ње на из­бо­ри­те, за да за­вр­ши со пр­во­то со­би­ра­ње на пра­те­ни­ци­те на 31 де­кем­ври, ка­де што на стар­тот на 2017 го­ди­на ќе поч­нат пре­го­во­ри­те за фор­ми­ра­ње но­ва вла­да. Пре­диз­ви­ци­те се­га се ста­ве­ни на хар­ти­ја и ис­по­ра­ча­ни од ал­бан­ски­те пар­тии.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 226. број на неделникот „Република“, 30.12.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top