| четврток, 6 декември 2018 |

Како работата да не ви го уништи животот?

Едно истражување покажало дека половина од вработените сметаат дека се претрупани со работа, што тоа станува неиздржливо.
Отприлика 33 отсто од луѓето прво на што помислуваат кога стануваат од спиење е работата, а 75 отсто од нив размислуваат за работата пред спиење. Затоа за многумина концептот на вистински живот потсетува на еднорог – можеби постои, но, се уште не го виделе – објаснува социологот Марфи Полчер. Сите оние кои ќе дозволат да го изгубат приватниот живот заради работата, се несреќни, помалку здрави и склони на прекумерно конзумирање храна, алкохол или дрога.
1406kariera

Како да го спречите тоа?

– На работа не го губете времето: многу часови поминати на работа не значи и продуктивност. Пресметајте колку време губите додека пиете кафе, јадете, седите во другите канцеларии, го пребарувате приватниот емаил… ќе добиете шест ефективни часа. Живееме во општество во кое часовите поминати на работа се еден вид барометар. „Затоа што поминувам 12 часа дневно на рабита, сигурно сум повреден и поважен за фирмата“, мислат некои. Ова размислување е опасно и нелогично. Ако можете истиот резултат да го постигнете за помалку време, зошто тогаш не го направите тоа и заминете дома два часа порано?!

– Умно користете ја паузата: правете неколку кратки паузи во текот на работното време, а во текот на неделата пробајте барем две-три вечери кога сте дома да не го проверувате службениот емаил.

– Движете се: постојат докази дека вежбањето го намалува стресот, дури и ја намалува тензијата меѓу приватниот и професионалниот живот. Зашто е така? Стручњаците велат вежбањето може да биде одличен начин „психолошки да се одвоите од работата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top