| четврток, 6 декември 2018 |

Само небото е лимит за Кинезите, сега нудат 300 милиони евра за Кристијано Роналдо!

Kristijano-Ronaldo

Карлос Тевез вчера стана најплатен фудбалер во историјата на овој спорт со преселбата во Шангај Шенхуа, но челниците на кинеските клубови очигледно не планираат да застанат со аргентинскиот голгетер. Откако пред десетина дена беа поврзувани со Лео Меси, вечерва беше обелоденето дека сериозен интерес бил искажан и за добитникот на „Златната топка“ за 2016 година – Кристијано Роналдо.

Ова во изјава за „Скај спортс 24“ го потврди и агентот на Португалецот, Жорге Мендеш, кој откри и детали од мегапонудата што била испратена.

– Кинески клуб, кој ќе остане анонимен, беше подготвен да му плати на Реал Мадрид 300 милиони евра за да го доведе Роналдо. Што се однесува до фудбалерот, за него беше подготвена понуда од 150 милиони евра по сезона – истакна Мендеш.

Тој напомена дека воопшто не дошло до конкретни разговори бидејќи Роналдо ја отфрлил можноста за преселба кон Далечниот Исток.

– Не е се во парите, Реал Мадрид е неговиот живот, тој потпиша нов договор и сака да остане уште долго во овој клуб. Затоа, воопшто не седнавме на маса за поконкретни разговори со Кинезите – откри фудбалскиот супер-агент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top