Сочниот портокал мора да биде дел од сечија зимска трпеза со овошје. Топките, внатре прекриени со бели влакненца и исполнети со сочен сок, се идеална ужина бидејќи изобилуваат со витамин Ц и вода која не освежува.
Ова се седумте причини зошто портокалот е крал на сите овошја…
Моќни минерали
Освен витамин Ц, портокалите се богати со минерали – калциум, калиум и магнезиум. Калциумот ги заштитува коските, а калиумот нервниот систем и мускулните ткива. Покрај тоа е неопходен и за одржување на рамнотежа на водата во организмот.
Идеално овошје за трудници и пушачи
Познато е дека никотинот го уништува витамнот Ц. Затоа велат дека, ако на непушач му е потребен еден портокал како заштита од настинка, тогаш на пушачот му се потребни три. Портокалот е идеална храна и за трудниците бидејќи изобилува со фолна киселина, неопходна за развој на фетусот.
Висок процент на вода
Портокалот содржи висок процент на вода – 86 проценти, па брзо го заситува организмот. Бирајте ги оние со помалку рапава кора, бидејќи се посочни и послатки.
Лековитата внатрешна страна на кората
Флавоноидите, моќни антиоксиданти кои во најголем дел се наоѓаат во внатрешноста, во белиот дел од кората на портокалот, го намалуваат ризикот од мозочен удар.
Од портокалите се добива најпопуларниот сок…
Од еден портокал се добива 90мл сок кој е одличен извор на витамин Ц, а дури 85 проценти од портокалот се преработува во сок, па токму сокот од портокал е најпопуларен во светот.
… но и кекс
Уште во 19-от век британската компанија ,Маквити’ го произвела првиот „јафа кекс“, кој го добил името по видот на портокалот без лушпа. Останатите видови на портокал се киселиот портокал, големиот портокал, бергамот портокал, портокал валенсија и црвениот портокал.
Етерично масло за мирис против бактериите
Древните цивилизации познавале некои изуми за користење на етеричното масло од портокал. Делува фунгицидно и бактерицидно и ја тонизира работата на срцето.
Бергамот портокал се користи и во арома-терапијата за подготовка на парфем. Но бидејќи бергамот е фототоксичен, ја прави кожата поосетлива на УВ зраците, поради што после нанесување на препаратите со ароматичното масло од бергамот не смее да се излегува на сонце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.