
Рускиот премиер Димитри Медведев изрази жалење што администрацијата на Обама, која е во заминување, го завршува својот мандат со „антируска агонија“, јави агенцијата ТАСС.
Медведев го објавил тоа на „Тивтер“ каде што пораката ја завршил со кратенката РИП (почивај во мир).

САД како одговор на, наводно, мешање на Русија во претседателските избори во Америка воведоа низа остри санкции кон Москва, кои вклучуваат и протерување на 35 руски дипломати и затворање на два објекта.
– Наредив преземање на повеќе акции како одговор на агресивнто заплашување на руската влада над американските службеници и кибернетските операции, чијашто цел беа изборите во САД – изјавил Обама.
Овие акции не се целиот одговор на САД на „агресивните активност на Русија“.
– Ќе продолжиме да преземаме различни активности во време и место што ние ќе го избереме, а некои од нив нема да бидат објавени – додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


