| четврток, 6 декември 2018 |

Како студеното време влијае врз нашиот организам? Откријте на што треба да внимавате

nas
Со намалувањето на температурите во текот на зимата, здравствените проблеми поврзани со времето стануваат поголеми. Студеното време носи многу ризици, особено за постарите лица.

Ви претставуваме неколку примери на кои можете да внимавате оваа зима и како да се одбраните од нив.

Имунолошки систем

Во текот на зимата поминуваме повеќе време во затворени простории и почесто сме во близок контакт со други, како што се продавници, шопинг центри или ресторани. Со тоа доаѓа и до полесно ширење на зарази како грип, кашлица и настинка.

Како да се заштитите?

Со витамини против грип, постојано миење на рацете со сапун и вода или користење на течности за дезинфекција на рацете. Немојте да кашлате или да кивате во дланките.

Срце

Студеното време ги стеснува крвните садови. Тоа го зголемува ризикот од срцев удар.

Што можете да направите?

Добро облечете се пред да излезете, вклучувајќи и капа, ракавици и топол капут. Избегнувајте напори на отворено кои можат да го вознемират срцето како на пример чистење на снегот.

Кожа

Сувиот зимски воздух може да ја извлече влагата од нашата кожа.

Како да се заштитите?

Секојдневно заштитете ја кожата со крема врз основа на масло за да го блокирате испарувањето на влагата. Туширајте се со млака, а не врела вода. Користете креми кои ќе ја одржуваат влагата во вашата кожа.

Телесна температура

Постарите лица се склони кон ризик од хипотермија, каде што внатрешната температура на телото паѓа премногу ниско. Дури и подолга настинка може да ја предизвика.

Што да направите?

Секогаш да бидете добро облечени и да бидете свесни за знаците кои предупредуваат дека телото не го поднесува добро студот, како вкочанетост на вратот, рацете или нозете. Повикајте брза помош ако се сомневате дека вие (или некој друг) имате хипотермија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top