| четврток, 6 декември 2018 |

Рама, албанските партии од Македонија, во позадина картата за која се дискутира, фали Заев (фото)

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика лидерите на партиите на етничките Албанци од Македонија, на која беше усогласена заедничката политичка агенда со цели, како се наведува „за следната влада и секој следен мандат“.

Во Тирана на средба кај Рама на кроење договор за Република Македонија под огромната карта на ѕидот заминаа Ахмети од ДУИ, Касами од БЕСА, Села од Алијанса за Албанците  и  Зендели од НДП, недостасува претставник од ДПА и Зоран Заев од СДСМ. Рама ги објави фотографиите на социјалните мрежи со пораката „Братски“.

rama-te-maqedonise-111„Со почитувањето на волјата на слободните и демократски албански гласачи, во духот на Охридскиот договор, како и потребата за исполнување на обврските кои произлегуваат од уставните измени, се утврдува дека нема алтернатива за интеграцијата во НАТО и ЕУ, се согласија за заемна поддршка на заедничката политичка агенда, која обезбедува остварување на целите во следната влада и секој следен мандат“- пренесува весникот на албански јазик Коха делови од декларацијата потпишана од четирите лидери.Изјавата според Коха обезбедува важни точки на Албанците, кои секогаш ќе бидат испорачани до „македонската страна“ во преговорите за формирање на влада.

takimi-i-lider-ve-shqiptar-t-maqedonis-me-edi-ram-n-2-480x314„Постигнувањето на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор, внесување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде што Албанците се признаваат како конститутивен народ, постигнување на целосна еднаквост на јазикот, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа управување и обезбедување на неговата употреба како основно право, употребата на албанските национални симболи (знаме и грб) “, стои во првата точка на Декларацијата.

Буџет и рамномерен развој на регионите населени со Албанци зазема посебно место во декларацијата, за која Коха вели дека се очекува на следната средба да биде потпишан и од страна на лидерот на ДПА.

„Постигнувањето на економска еднаквост и социјална политика, особено преку рамномерен регионален развој, создавањето на нов механизам во форма на Државната комисија за финансирање на општините, со цел праведно одлучување и одобрување од двојно мнозинство за владините грантови во корист на општините …… “, пишува во декларација, пренесува Коха. Документот, исто така, предвидува формирање на Министерство за заедници, како тело одговорно за почитување на правата на заедниците и промовирање на економскиот и социјалниот развој во неразвиени подрачја.

Покрај тоа, Декларацијата ги обврзува албанските партии за правична застапеност во безбедноста, во полицијата и правдата. Исто така, важно место е дадено на финансирањето на албанската култура и културни активности на локално и централно ниво. Се бара и воспоставување на централна институција за унапредување на јазиците на заедницата, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, редактори и предавачи.

kol225-1-zaev-alb-1Докуметот, според Коха, предвидува и брза интеграција во НАТО и во ЕУ. Тоа  подразбира брза промена на името на Република Македонија, или како што опишува Зоран Заев „да ја свиткаме кичмата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top