| четврток, 6 декември 2018 |

По овој текст добро ќе размислите дали повторно ќе ги позајмите некому своите слушалки

Ушите се полни со восок, мртви клетки од кожата и бактерии, па споделувањето на слушалките доведува до размена на тие материи, но и придонесува за развој на бројни инфекции.

Поради тоа честопати слушалките претставуваат извор на значајни здравствени проблеми со ушите, за оние коишто ги употребуваат редовно, но сосема погрешно.

Имено, магазинот за здравство и сојузничките науки пишува дека просениот корисник во своето уво има за 40 отсто повеќе бактерии во ушниот канал, за разлика од оние коишто не употребуваат слушалки.

Ако во увото се наоѓаат премногу бактерии, тие може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и потполно губење на слухот.

Честата употреба на слушалки коишто претходно ги употребувале други луѓе доведува до тоа за ушите да станат поподложни на најразлични инфекции.

Според зборовите на оториноларинголозите, слушалките за уши и тоа како може да пренесат инфекции и личноста којашто ги употребува да добие воспаление на надворешното уво.

Најдобриот начин за избегнување на инфекции на ушниот канал, како што потенцираат стручните лица, е редовно да ги чистите слушалките и да избегнувате нивно споделување со други луѓе.

При дезинфекцијата, најпрво отстранете го остатокот од восок, а потоа добро избришете ги со памук којшто претходно бил натопен во сретство за дезинфекција или алкохол.

Сепак дури и ако не ги споделувате слушалките со други лица, потребно е секојдневно да ги пребришувате со алкохол – велат оториноларинголозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top