Откако во јануари оваа година доби руски пасош, францускиот актер Жерар Депардје се регистрираше во земјата како индивидуален претприемач и планира да отвори кафуле во автономната руска република Мордовија, 50 километри источно од Москва.
Веста ја обелодени директорот на руската Фондација за кинематографија Николај Бородачев, воедно и пријател на Депардје, пренесува весникот „Паризиен“.
Популарниот актер неодамна најави дека има желба да отвори кафуле во тој регион, кој е познат по бројни кампови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.