Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес беше во посета на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и од СОС Детско село, каде што им подели новогодишни пакетчиња и други пригодни подароци во пресрет на Новата година.
– Сакам да ви ја честитам Новата 2017 година и да ви посакам здравје и успех. Се надевам дека во Новата 2017 година не само што ќе бидете поголеми, туку ќе бидете помудри и многу посреќни – им порача Груевски на дечињата.
Дечињата со наасмевки на лицето изведоа пригодна програма и им врачија подароци изработени од нивните раце во рамките на креативните работилници во установите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село