| четврток, 6 декември 2018 |

„Транзицијата не оди мазно“ Трамп објави дека Обама му прави сопки

Новиот американски претседател Доналд Трамп порача дека претседателот во заминување Барак Обама го побарал по телефон и дека имале добар разговор, откако Трамп на Твитер објави дека транзицијата не тече мазно и за тоа го обвини Обама.

-Ме повика и имавме многу добар разговор воопшто за се, а мислам дека опфативме многу- рече Трамп за медиумите од својата куќа во Флорида. Тој додаде дека „со Обама многу добро се сложуваат“, како што се сложуваат и нивните тимови.

trampПретходно Трамп на Твитер напиша дека „прави се за да ги занемари многу запалливи изјави и препреки од претседателот О.“

„МИслев дека ова ќе биде мазна транзиција- но не е“ напиша Трамп во истиот твит, објавен пред разговорот со Обама, кој му се јавил од Хаваи каде е на одмор со семејството.

Белата куќа оцени дека тоа бил „позитивен повик“ со фокус на „продолжување на мазната и ефикасна транзиција“. Портпаролот Ерик Шулц посочи дека и другите разговори меѓу двајцата биле позитивни,откако Трамп победи на изборите на 8 ноември.

Шулц објави дека Обама и Трамп се договориле нивните тимови да продолжат да соработуваат до инаугурацијата на 20 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top