Заштитата на државните интереси на Република Македонија што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и системска реформа на системот за национална безбедност треба да бидат двата клучни приоритета на новата Влада, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето Годишно обраќање.
– Овие приоритети се неопходни, пред се, поради бројните закани со кои се соочуваме и внатрешните слабости кои ги имаме. Последиците од конфликтите во регионот на Северна Африка и Блискиот Исток, илегалната миграција, активностите на странските терористички борци и нивните поддржувачи, транснационалните криминални мрежи, насилниот екстремизам, радикализам и интересите на разни центри на моќ влијаат врз поларизација на македонското општество. Тие можат да предизвикаат идни внатреетнички, меѓуетнички, и меѓурелигиски тензии во Македонија. Постои навистина висок ризик за внатрешната безбедност од надворешните закани со кои се соочуваме. Не само ние, туку и целиот наш регион, цела Европа. Поради ваквиот сооднос меѓу надворешните закани и внатрешните слабости неопходни се таквите системски реформи, рече претседателот Иванов.
Според шефот на државата, разузнавањето, Армијата на Република Македонија, граничната полиција, службите за спроведување на законите и Обвинителството мора да се трансформираат за да ја заштитат националната безбедност на државата, согласно промените на предизвиците и заканите со кои се соочуваме.
– Веќе 15 месеци сме во прогласена кризна состојба за заканата од илегалната миграција. Таа кризна состојба ќе продолжи и понатаму. Затоа, не смееме да дозволиме по изборите политичката криза да прерасне во институционална криза, рече претседателот Иванов во годишното обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани