Група која ја поддржува терористичката организација Исламска држава ги повикала џихадистите по божиќниот период низ Европа да изведат напади по трговските центри и болниците, истовремено повикувајќи ги муслиманите да ги избегнуваат христијанските славења, пренесуваат светските агенции.
Заканите од ваквите групи уследија откако европските власти ги засилја безбедносните мерки по нападите во Берлин за кои одговорноста ја презема Исламска држава, а во кои напаѓач со камион влета во топла луѓе на божиќен пазар и усмрти 12 лица, пишува Макфакс.
Nasir Media Foundation, група која ја поддржува Исламска држава, ја објавила својата порака онлајн, пропратена со слика од борци со пушки и ножеви, Дедо Мраз и елка. „Нивните славења, собири, клубови, трговски центри, театри, кина, плоштади па дури и нивните болници се совршена мета за вас“, било порачно во пораката на исламистчките „Осамени волци“ во Европа.
Во пораката исто така пишувало како Исламска држава „огнометите ќе ги замени со појаси со експлозиви и екплозивни направи и дека пеењето и аплаузите ќе се претворат во тага и плач“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија