| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен терористички напад во Москва

ruski policajci

На барање до терористите да се предадат тие отвориле оган и во краткото пукање, двајца од нив биле убиени, а со лесни повреди се здобил и еден припадник на руските специјални сили.

Припадниците на Руските федерални служби за безбедност спречија терористички напад во Москва. При тоа се убиени двајца терористи, а еден е уапсен во поморското место Ореово-Зуево, соопшти денеска Националниот антитерористички комитет.

Во соопштението се наведува дека сите тројца се граѓани на Русија и биле на обука во пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан, од каде дошле во Русија.

Терористите се криеле во една куќа каде што биле опколени.

На барање да се предадат тие отвориле оган и во краткото пукање, двајца од нив биле убиени, а со лесни повреди се здобил и еден припадник на руските специјални сили.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин лично е известен за таа осуетена терористичка завера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top