| четврток, 6 декември 2018 |

Што кажува за вас часот на раѓање?

Имено, воопшто не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или навечер. Некои постапки, ставови и расположенија подобро може да се разберат доколку се знае нумеричката вибрација на часот во кој сте родени.

Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има своја астролошка фреквенција, а тоа пак влијае на нашиот биоенергетски напон. Мора да се знае дека влијанието на одредени планети наизменично се менува во текот на 24 часа.

Имено, воопшто не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или навечер. Некои постапки, ставови и расположенија подобро може да се разберат доколку се знае нумеричката вибрација на часот во кој сте родени.

Кругот од 24 часа, поделен е на 6 нумерички станици. Првата станица е помеѓу полноќ и 4 часот наутро. Наредните станици одат пропорционално, на секој 4 часа до крајот на денот.

Доколку сте родени во првата станица, вие сте по природа тивки и мирни. Сакате да сонувате и да мечтаете. Имате бујна мечта, но тешко се снаоѓате во вистинскиот свет. Вие сте роден уметник, па затоа луѓето ретко ве разбираат.

Ако сте родени помеѓу 4 и 8 часот наутро, ваша одлика е итрината и упорност. Тоа се манифестира на професионален план. Тежнеете да им бидете пример на другите. Постојано се докажувате и го потврдувате својот квалитет.

Ако сте родени помеѓу 8 часот и пладне, вие сте многу оптимистична личност. Полни со верба и надеж. Секаде зрачите со несебична љубов и топлина. Чувствителни сте и наклонети кон уметноста и филозофијата. Имате талент кој треба да го развиете.

Доколку сте родени помеѓу пладне и 16 часот, ведри сте, полни со енергија и практичните работи се како створени за вас. Добро владеете со вештината на говор, па луѓето уживаат да ве слушаат. Имате голем број таленти, кои е потребно да ги развивате, но одберете ги вистинските кои вам ви прилегаат.

Помеѓу 16 и 20 часот, се раѓаат немирните, нескротливите. Динамични луѓе, кои брзо мислат и брзо делуваат. Често менуваат ставови и одлуки и знаат да работат повеќе работи одеднаш. Оние кои не ги познаваат доволно ги сметаат за брзоплети, но тие точно знаат што прават.

Родените во последната станица се умерени, упорни и истрајни на сите полиња. Тежат кон тоа да доминираат над ситуацијата. Рационални и продуховени. На околината делуваат како магнет, авторитет се во семејството и помеѓу пријателите. Понекогаш делуваат малку арогантно, но тоа доаѓа од таму што се ценат себеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top