ОВЕН
Овните сакаат да флертуваат и брзо помислуваат дека се вљубени. Со таквото однесување влеваат лажно чувство на сигурност кај својот ’предмет’ на обожување и додека партнерот смета дека е во идеална врска, Овенот веќе јури по новиот плен. Многу е тешко да го зауздате, а тешко е и да сфатите дека ви е неверен, бидејќи воопшто не го менува своето однесување кон партнерот.
БИК
Биковите се одлични љубовници, но лошо стојат со самодовербата. Штом ќе се почувствуваат и најмалку несигурно, ќе побараат некој кој ќе ги убеди дека се неверојатни в кревет. Обично се неверни со свои пријатели/ки, бидејќи со нив веќе имаат изградено односи.
БЛИЗНАЦИ
Тие се секогаш склони кон флерт и оваа нивна страст не запира дури и кога се во сериозна врска. Сепак, тие не влегуваат во флерт со намера да ви бидат неверни, но често работите одат предалеку. Свесно мамат само тогаш кога ќе проценат дека партнерот не комуницира доволно и искрено со нив.
РАК
Раковите длабоко во себе копнеат по длабока поврзаност. По природа се лојални и мали се шансите дека ќе ве изневерат. Но, ако почувствуваат дека партнерот се оддалечува од нив или дека не го разбира, ќе побараат утеха во туѓа прегратка. Сепак, тие речиси никогаш не оддржуваат паралелни врски, па многу брзо ќе се одлучат кон која ќе се приврзат.
ЛАВ
Лавовите се исклучително независни и полни со енергија. Во спалната соба се вистинска бомба, а освен тоа совршено наоѓаат баланс помеѓу сексот и љубовта, поради што сметаат дека им е дозволено да бидат неверни, а при тоа да не се чувствуваат виновни.
ДЕВИЦА
Девиците се обично верни, но ’сопирачките’ им попуштаат кога работите во врската стануваат малку незгодни. Кога ќе почувствуваат дека не е сè мазно како по лој, лесно би можело да се случи да најдат утеха во туѓ кревет.
ВАГА
Вагите се создадени за сопружници, бидејќи бараат хармонија и често партнерот го ставаат пред себе. Но, не ја поднесуваат добро осаменоста, па ако од некоја причина партнерот се оддалечи од нив, ќе побараат туѓо друштво, а бидејќи се многу шармантни, таа лесно ќе им тргне од рака.
ШКОРПИЈА
Овој знак е во постојана потрага на сензуалност. Во сериозна врска влегува откако добро ќе го простудира потенцијалниот партнери и ќе му верува. Иако генерално се посветени во врскатата, понекогаш страста ги влече на погрешна страна, особено ако не ја добијат интимноста за која фантазираат. Најчесто се неверни со личности со кои веќе имале секс, бидејќи со нив се попуштени.
СТРЕЛЕЦ
Стрелецот обожува авантури и нови искуства, а тоа важи и за сексот. Тешко е да го ’натерате’ во врска, но ако тоа ви успее од рака, тогаш шансите дека ќе ви биде неверен се мали. Доколку, сепак, ве измами, тоа значи дека многу нешта не се во ред во вашата врска и дека таа е осудена на пропаст.
ЈАРЕЦ
Припадниците на овој знак добро внимаваат на секој потег. Тешко е да ги натерате да влезат во врска со вас, но ако се одлучат на овој чекор, тогаш може да бидете речиси сигурни дека никако нема да ве измами. Меѓутоа, ако вие ги издадете или ги повредите на некој начин, може свесно да ве измамат, и тоа не затоа што тие биле понесени од страст, туку токму затоа затоа што сакаат да ве повредат.
ВОДОЛИЈА
Водолијата најмногу од сè ја цени слободата. Ако се обидете да ги ограничите и да им поставите граници, бидете уверени дека ќе ги преминат само за да ви докажат дека можат. Освен тоа, ако нив партнерот ги измами, гарантира ќе му возвратат со иста мерка.
РИБИ
Ова е најнесебичниот знак кога станува збор за љубовта. Поважно им е на партнерот да му е удобно, отколку ним лично да им биде убаво. Но, ако партнерот не умее тоа да го цени, ќе најдат некој друг кој ќе ужива во нивните вештини.
извор: штипка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.