Чешкиот бездомник Лудвик Долежал, познат како највалканиот човек во Европа, почина во напуштена куќа на една фарма каде што живеел во последните неколку дена, пишува “Сан”.
Шеесет годишниот бездомник страдал од необично психолошко нарушување поради кое палел се што би му дошло под рака па спиел во пепелта којашто ја триел во својата кожа. Ги палел гумите па дури и своите лични работи поради што, на кра,ј и останал без се што “поседувал”.
Живеел од социјална помош, но и тоа било залудно бидејќи ги палел и парите. Пожарникарите често морале да интервенираат поради оганот што го палел, но тој никогаш никого не повредил со палењето.
Градоначалникот на малото место во коешто живеел се грижел за него на начин што секој ден му праќал корпа полна со храна која ја собирал во локалната продавница. Кога едно утро не дошол по својата храна, жителите сфатиле дека нешто не е во ред и повикале помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст