Терористи денеска околу 13 часот пукале на руската амбасада во Сирија пренесуваат „РИА Новости“.
Како што соопшти одделението за информирање и печат на руското министерство за надворешни работи, напаѓачите испукале гранати на амбасадата, и мина, која за среќа, не експлодирала.
– Сметаме дека ова е провокација на екстремистите кои се противат на мирното решавање на ситуацијата во Сирија со намера да продолжи да се сее страв, насилство и одржување на атмосферата на страв меѓу цивилитте во главниот град на Сирија – се вели во соопштението.
Во соопштението се прецизира дека амбасадата била гранатирана во 13 и во 3.19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


