| четврток, 6 декември 2018 |

Починал од срцев удар зад воланот и предизвикал сообраќајка

Тешка сообраќајка во која загинало едно лице се случила вчера попладне во Кочани. Во сообраќајката учествувале автомобили „хјундаи“ и „шкода фабија“ со штипски регистарски ознаки и „опел астра“ со кочански регистарски ознаки.

Во незгодата на местото починал 56-годишен кочанчанец, кој управувал со „хјундаито“

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Кочани. Притоа бил извршен разговор со сопругата на Ј.Г., која појаснила дека непосредно пред сообраќајната незгода најверојатно нејзиниот сопруг добил срцев удар и изгубил контрола над возилото, по што ја предизвикал сообраќајната незгода.

Возачите се алкотестирани, при што не е утврдено присуство на алкохол во крвта, а од починатиот е земено крв за анализа.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб и над истото не е извршена обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top