| четврток, 6 декември 2018 |

Монструозно: Татко го истепал 10-месечното бебе, а потоа го угушил со прекривка

Млад маж од местото Бреза кај Сараево, Босна и Херцеговина е уапсен под сомневање дека ја убил својата десетмесечна ќерка, потврди локалната полиција.

Мажот го угушил сопственото дете во својот дом, а мотивите на овој монструозен чин уште не се познати.

Според локалните медиуми тој со својата сопруга го донел детето во амбуланта. Детето немало никакви знаци на живот. Лекарите веднаш ја повикале полицијата. Мажот го признал злосторството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top