| четврток, 6 декември 2018 |

Среќен роденден: Калиопи денеска полни 50 години!

Денеска македонската и балканска поп дива Калиопи Букле, го прославува својот 50 роденден. Таа е родена на 28 декември 1966 година. Успешната музичка кариера на оваа вонсериска уметница, која ја почна во тинејџерскиот период, се повеќе зема замав низ годините. На просторите на поранешна Југославија е неприкосновена дива со легендарни евергини од кои најпозната е „Роѓени“ (Бато), а Македонија два пати успешно ја претставуваше на Евровизија, во 2012 со песната „Црно и бело“ и годинава во Стокхолм, со песната „Дона“.
Моментно е дел од најголемиот радио-проект на Балканот „Ѕвездите ги пеат ѕвездите” каде ја пее песната „Кестени“ (Костени). Авторка е на поп мелодии, текстови, музика за балет… Подготвува нов музички албум. Најголема музичка поддршка и хитови во негово авторство има од нејзиниот прв сопруг Ромео Грил, со кого го има синот Пако. Беше во брак со актерот Васил Зафирчев. Почитувана е и од публиката и од соработниците, како еден вид „Балканската Мадона“, со долготрајна успешност.
Среќен роденден, Калиопи!

 

извор: text.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top