| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена шокираше со својата последна порака: Време е за крај!

bin
Јелена бин Драи е исклучително активна на Инстаграм, каде што речиси секојдневно објавува фотографии од приватниот живот, споделувајќи ги со своите следбеници и обожаватели.

Меѓутоа, атрактивната убавица ги оставила обожавателите во вистински шок со својата последна објава на оваа друштвена мрежа.

Всушност, Јелена донела одлука за да се повлече од друштвените мрежи и да го исклучи својот Инстагарм профил, а фотографијата и коментарот којшто ја следи истата, и ни објаснуваат зошто таа се одлучила на еден ваков чекор.

– Благодарна сум што растев без технологија. Овојпат му се враќам на таквиот животен стил и ќе живеам без друштвените мрежи. Речиси е 2017-та година, и е време за да кажам збогум. За оние коишто ги сакаат моите совети во врска со исхраната, здравјето, убавината и модата, сè уште може да ме пронајдат на моите службени профили. Приватниот профил сепак ќе биде исклучен. Сакам да минувам повеќе време со семејството, пријателите, домашните миленици, да уживам во својата органска градина, да читам книги, да јавам… Голем бакнеж за сите и среќна Нова година!

bin-dari

Обожавателите на Јелена изразиле голема тага што повеќе нема да можат барем виртуелно да се дружат со својата миленичка, но секако ја поддржале поради причините коишто ја навеле да се одлучи на еден ваков чекор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top