| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за возачот кој предизвика тешка сообраќајна несреќа во Јагодина Србија

сообраќајка

Тој е во притвор во Јагодина и ќе одговара за смртта на неговиот сопатник 25 годишен тетовец. Сообраќајката се случи во петокот околу 19 часот на автопатот Белград – Ниш кај селото Милошево. Во возилото биле четири момчиња – сите македонски државјани. Портпаролката на Полициската управа од Јагодина за Канал 5 изјави дека во несреќата не учествувало друго возило.

– Возачот на патничкото возило со македонски регистарски таблици, изгубил контрола над возилото и слетал од патот. Еден патник во возилото смртно страдаше, додека двајца патници се здобиле со повреди и се згрижени во Здравствениот центар
во Јагодина. – изјави за Канал 5 Гордана Цветиќ  – портпарол на ПУ Јагодина

Од МНР велат дека семејството на загинатиот Македонец побарало помош од нашата амбасада во Белград околу потребната документација за да го вратат телото во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top