| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено кој ќе го наследи богатството на Џорџ Мајкл

Богатството на пејачот Џорџ Мајкл, кој ненадејно почина на католички Божик од инфаркт, ќе го наследат деца!

Имено, Мајкл својата заработка и имот, која се проценува на околу 100 милиони фунти (повеќе од 120 милиони долари) одлучил да ги подари на децата на пејачот и актерот Мартин Кемп и ќерката на пејачката Гери Хорнер.

Кој се тие луѓе и што добиваат?

Мартин Кемп (55) е еден од членовите на групата Спандау Бале која беше популарна во осумдесеттите години од минатиот век, а неговите деца Роман (23) и Хари Мун (27) како и Мартин биле најдобри пријатели на Џорџ Мајкл, пишува британскиот магазин ОК.

Тука е и Гери Хорнер, која целиот свет ја знае како Гери Халивел, или уште подобро „Џинџер Спајс“, како што и беше прекарот во ултра познатата група Спајс гирлс. Мајкл многу ја сакаше и неа но и нејзината ќерка Блубел (10) која ќе добие дел од неговото наследство.

Дел од имотот и парите на Џорџ ќе добијат и неговите сестри, децата на некои роднини но и неговиот партнер Фадиј Фаваз кој и го пронашол мртов тоа кобно утро на Божиќ.

Некогашниот пејач на групата Вем! Дарувал на времето доста пари и во хуманитарни цели, па се очекува и некои организации да добијат дел од сумата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top