| четврток, 6 декември 2018 |

Tри близначки промоторки на Скопскиот маратон

Трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лина и Лили ќе бидат промотoрки на Виз Ер Скопскиот маратон кој ќе се оддржи на 7 мај 2017 година. Нивните најдобрите лични постигнувања на маратон кореспондираат со редоследот по кој се родени, односно 2:37.11-Леила, 2:39.42-Лина и Лили: 2:40.30) .

oi-krugovi

Како што информираат организаторите на маратонот, тие освен како атлетичарки, се и професионални хип-хоп танчерки и уметнички. Леила и Лили сликаат портрети, пејзажи, цветови и лебеди инспирирани од нивното презиме кое на Естонски значи “лебед“.Тие прв пат започнале со трчање на 24 годишна возраст и се првите три сестри во историјата кои некогаш учествувале на Олимписки игри.

rio

Во моментот тече вториот рок за пријавување на маратонот кој трае до 31 јануари 2017 година, а потоа цената се зголемува. До сега се пријавени околу 500 учесници од 24 земји во светот, а според организаторите, ако се земе во предвид дека минатата година во текот на истиот период се пријавиле 250 учесници, следниот маратон може да е најмасовниот до сега кој се одржал во Македонија.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/и преку партнерот за онлајн регистрација, www.smartrace.club.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top