Завчерашниот изборен резултат во Теарце не ги промени бројките во освоените пратенички мандати, што значи дека оценките на шведскиот амбасадор Матс Стефансон оти граѓаните гласале за промени остануваат побиени затоа што мнозинството освоени мандати (и мнозинството освоени гласови) и натаму остануваат во рацете на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пишува Дневник.
Освен оваа, предвидувањата на амбасадорот кажани во интервју брзо по изборите, одеа до таму што, според него, нема да може веднаш да се формира влада, туку „ќе треба време“.
– Во годините што доаѓаат таква влада ќе се формира. Ќе треба да мине малку време, но ќе видиме влада што ќе може да преземе и да имплементира реформи – нагласува шведскиот дипломат.
Од каде Стефансон знае дека победникот на изборите нема да може да формира влада? Знае ли за некакво поинакво сценарио од она што се нарекува одлука на народот по пат на гласање? Дали ова не е директно и недозволено мешање на амбасадорот во внатрешното уредување на Македонија? Слушна ли матичното министерство во Шведска за ставовите на дипломатскиот мисионер во Македонија, речиси идентични со лидерот на најголемата македонска опозиција, Зоран Заев? Чии стратегии турка Стефансон?
Сите овие прашања „Дневник“ ги испрати на електронската пошта за комуникација со странски новинари на шведското министерство за надворешни работи, пред пет дена. Иако прашањата се примени од министерството, одговор до денеска не добивме.
Kолку за потсетување, оценките на шведскиот амбасадор дадени во последното интервју за една од македонските новински агенции не завршија на прашањето за изборите, туку тој „излезе“ од дипломатскиот речник и во врска со блокираниот пат на Македонија кон Европската Унија. Па според Стефансон, проблемот за името не е главен проблем што Македонија не може да се интегрира во ЕУ и НАТО, туку внатрешната ситуација во земјата.
– Проблемот не е само билатералниот спор со вашиот јужен сосед, тоа е само дел до проблемот. Главниот проблем е што Македонија се развиваше во погрешна насока неколку години и многу работи треба да се сменат на подобро за Македонија да се врати на вистинската патека – смета Стефансон.
Од една страна, оценката е дека во Македонија народот гласал за промени и оти работите во државата досега се движеле во погрешна насока, што јасно упатува на агитација за влада на СДСМ – ставови идентични со ставовите на Зоран Заев. Од друга, пак, што според Стефансон, главниот проблем за членство на РМ во ЕУ и НАТО не е спорот со Грција, што е теза која своевремено ја промовира грчкиот министер за надворешни работи Венизелос, со идеја да се оттргне товарот од Грција и од НАТО и од ЕУ за блокадата на нашата земја, а да се префрли на теренот на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст