| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Водич за санација на поплавени почви“

Практичен водич и мерки за санација на почвите во поплавените подрачја ќе промовира денеска Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ).

Содржината на водичот ја подготвија професори од Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје и Шумарскиот факултет – Скопје, како заедничка иницијатива со ФФРМ.

Во водичот главен акцент е ставен на последните поплави и поројни текови  во тетовскиот, скопскиот, струмичкиот и пелагонискиот регион. Целта е да се преземат превентивни мерки за намалување на последиците доколку се повторат.

Изработката на водичот е во рамки на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“, поддржан од Ви ефект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top