| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден шок во Берлин: Бегалци сакале да изгорат жив човек

Шестмина емигранти Сиријци и еден Либиец се деликвенти на сериозно дело. Седуммина мажи на возраст меѓу 15 и 21 години се уапсени бидејќи запалиле заспан бездомник во метростаница „Шонлајнштрасе“ во Берлин, пишува „Билд“.
Шестмина од мажите се предале во понеделникот вечерта сами на полицијата, а последниот бил фатен од цивилни полицајци.
Како што потврдија од полицијата, шестмина од уапсените извршители се од Сирија, а седмиот е од Либија.

– Знаеме кој е главниот сторител. Станува збор за 21-годишен Сириец – изјави Томас Нојендорф, портпарол на полицијата.

Запалениот маж останал без сериозни повреди благодарение на брзата реакција на очевидци на случката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top