Доколку вашата поубава половина е еден од овие три знаци во хороскопот, ќе имате среќа.
Лав
Таа ќе го претвори вашиот живот во најубава љубовна приказна, ќе ја стопли вашата душа и ќе ви отвори нови погледи на животот, за какви не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга таа ќе биде скапоценост која со задоволство ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од погледите на другите бидејќи нејзината величественост нема граници.
Ќе ја обожувате, ќе се потпирате на неа бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник.
Таа е вашиот животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот. И самите ќе сфатите дека никој нема поискрено и пореално да ве сака од неа, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна и дрога.
Стрелец
Во сечија животна приказна постојат настани кои се паметат цел живот, а денот кога прв пат ќе ја бакнете оваа огнена кралица со леден поглед, тоа ќе биде едно од вашите најдраги сеќавања. Доколку сте имале среќа жена во знакот Стрелец да ве одбере и да ве засака, сте на половина пат до рајот.
Таа ќе ви донесе толку возбудување и позитивна енергија, што ќе ви требаат три животи за да го потрошите сето тоа. Ќе го исполни вашиот живот со среќа, љубов и сила, а нејзиниот ум и бескрајна креативност ќе ви донесат целосно нова свежина во заедничкиот живот и работата.
Совршен спој на љубовница и пријател, таа прекрасно и предано ќе биде одличен пример за децата кои ќе ја сакаат како самиот Бог.
Ракот е единствено и неповторливо добро битие, лојална и приврзана, дама за пример. Таа во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Таа е во состојба од било која куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот.
Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзините бакнежи не може да ги купи целото злато на светот. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки.
Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.
извор: нмд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.