| четврток, 6 декември 2018 |

Му рекол да не вози по тревата – овој му излегол со пиштол

Вчера околу 16.45 часот во Тетово на ул.„Благоја Тоска“ додека М.А.(52) од Тетово бил во неговата работилница, забележал дека непознато лице со патничко возило ,,пасат“, се движело во паркот односно зеленилото пред работилницата, на што веднаш изреагирал и со рака го запрел возилото со цел да му укаже дека не треба да се движи на зелената површина. По ова возилото запрело на тротоарот и од истото излегло непознато лице кое извадило пиштол и го вперило кон него, заканувајќи му се дека ќе испука.

М.А. се обидел да го смири, но во еден момент му се нафрлил на лицето, одземајќи му го пиштолот, почнале да се туркаат и влечат, по што паднале на земја. Синот на М.А. дошол кај него и му го дал мобилниот телефон со кој повикал полициски службеник со кој се знаел од порано.

Полицискиот службеник заедно со други негови колеги со службено возило, веднаш дошле на лице место и од непознатото лице одзеле пиштол со седум куршуми кој би поседуван со дозвола, при што бил утврден бил идентитетот на лицето и се работи за Р.М. (41) од с.Камењане О.Боговиње, кој е приведен во ПС ОН-Тетово за расчистување на случајот.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top