| четврток, 6 декември 2018 |

Пепе доби понуда за двојно поголема плата од Кина!

pepe

Португалскиот дефанзивец Пепо, по десет години, би можел да ги напушти редовите на Реал Мадрид.

Според пишувањето на шпанските медиуми, Пепе добил „непристоен“ предлог за продолжување на кариерата во кинески Хебеи, кој е подготвен да му понуди дури десет милиони евра годишно, што е повеќе од двојно во однос на цифрите кои ги заработува во Реал – 4,5 милиони евра.

Договорот на Пепе со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната, а од 1 јануари ќе биде слободен да преговора со клубови заинтересирани за неговите услуги. Во случај на договор, Пепе во Кина би заминал на крајот од оваа сезона како слободен играч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top