| четврток, 6 декември 2018 |

„Претприемач на годината“ ќе се доделува по десетти пат

Наградите за традиционалната манифестација „Претприемач на годината“, која годинава одбележува десетгодишен јубилеј,  ќе бидат доделени денеска во Скопје.

Наградите се наменети за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија во Македонија.

Манифестацијата е во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори (ССК) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење (НЦРИПУ), а институционален покровител е Министерството за економија на  Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top