| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден сака да биде претседател?!

За време на неговиот говор на инаугурацискиот бал во сојузната држава Ајова, Потпретседателот на САД Џо Бајден направи грешка и наместо “потпретседател” изјавил дека е горд што е “претседател” на САД, пишуваат американските медиуми.

Според USA Today веднаш откако сфатил дека направил гаф кој може да биде протолкуван погрешно Бајден се поправил повгторувајќи дека сепак е само потпретседател, изјавувајќи дека е “Уште погорд што е потпретседател во мандатот на претседателот Обама”.

Дел од коментарите во американските медиуми се дека Бајден потсвесно ја најавил својата желба за време на изборите во 2016 тој да се кандидира за претседател на САД што ќе биде негов трет обид по оние во 1988 и 2008 година.

Нема законски пречки Бајден да се кандидира за претседател на САД по истекот на вториот мандат на Обама.

Во случа на смрт или неможност претседателот на САД да ја врши својата функција, шеф на државата станува потпретседателот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top