Новоизбраниот американски претседател Доналд трамп можеби е единствениот човек на светот кој ги знае тајните на Никола Тесла, со оглед на тоа дека на чело на комисијата на ФБИ која ги истражувала списите по смртта на еден од најголемите научници на 19 и 20 век, пишува американскиот Њујоркер.
Тесла починал на почеток на јануари а сиот негов имот го запленил ФБИ. Три недели подоцна експертска група ги прегледала сите документи. На чело на таа група бил Џон Г. Трамп, чичко на новиот американски претседател. Тој бил инженер и физичар, а претседателот Трамп често го споменува неговиот чичко.
-Чичко ми често ми зборуваше за нуклеарна војна уште пред војната да биде нуклеарна- раскажува Доналд. Најголемата грижа на ФБИ бил стравот дека Тесла развил моќно оружје кое сојузниците би можеле да го искористат. Официјално, истрагата не дала важни резултати, а Џон Трамп напишал;
„Размислувањата и делата на Никола Тесла, барем последните 15-тина години примарно се од филозофска природаи не содржат нови делотворни методи или применливи истражувања“.
Дури шест месеци по смртта на славниот научник спроведен е филаделфиски експеримент, а тоа според некои е доказ дека во документите на Тесла имало нешто повеќе од обично филозофирање. Се нижат и приказни дека еден воен брод на американската морнарица исчезна, или стана невидлив, зависно од тоа кого прашувате.
Морнарицата со децении тврди дека експериментот никогаш не е изведен и дека тие приказни се само плод на хиперпродуктивна фантазија на теоретичарите на завери.
Сепак, чичкото на Доналд Трамп прв ги прочитал белешките на Тесла и никој не знае колку од тие информации му пренел на новиот американски претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.