Поранешниот претседател на Португалија, Марио Соареш, (92) се наоѓа во критична состојба и е во кома, соопштија од болницата на Црвениот крст во Лисабон.
-Соареш се наоѓа во многу критична состојба, во длабока кома, а прогнозите се неизвесни, рече портпаролот на болницата, Хозе Барата, пренесоа француските медиуми.
Поранешниот претседател од 13 декември е на интензивна нега во болницата.
Според портпаролот, неговото здравје првично се подобрило, но во саботата дошло до нагло влошување на состојбата.
Соареш беше претседател на Португалија од 1986 до 1996 година, а пред тоа бил и премиер, како и министер за надворешни работи.
Тој е основач на Социјалистичката партија на Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст