| четврток, 6 декември 2018 |

Амри по нападот во Берлин преку Лион стигнал во Италија

Според проверките од снимките на надзорните камери истрагата утврди дека 24-годишниот Тунижанец Анис Амри, осомничен дека е извршител на терористичкиот напад со камион во кој вечерта на 19-ти декември на божикен базар во Берлин беа убиени 12 луѓе, по нападот допатувал во францускиот град Лион.
Претходно француските медиуми објавија дека камерите го регистрирале Анис Амри на железничката станица во француски Лион во попладневните часови во четвртокот, три дена по нападот во германската престолнина Берлин. Во Лион тој купил билет за брз воз, кој го платил во готово, до северната италијанска метропола Милано.

„Осомничениот убиец се појавил на перонот на железничката станица (во Лион) во четвртокот, 22-ри декември. Носел капа и една торба на грбот. Според податоците од видео надзорот, бил сам“, изјавил за AFP извор близок на истрагата.

Истрагата сега се обидува да дознаа како точно Амри успеал да се префрли на француска територија. Германската влада и нејзините безбедносни служби се под жестока критика дека направиле пропусти со кои му овозможиле на Тунижанецот да побегне од земјата, и оти доцна ја објавиле европската потерница по него.

Амри беше застрелан во раните утрински часови во Милано, откако рани полицаец крај железничката станица кој рутински побарал да го легитимира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top