Роберто Фирмино се најде во незгодна ситуација откако беше фатен како вози во пијана состојба за време на Божиќната ноќ низ улиците на Ливерпул. Против бразилскиот ас експресно беше покренато обвинение, па тој ќе мора да се појави пред судот во Ливерпул на 31 јануари.
Она што е интересно е дека „црвените“ токму на 31 јануари го играат дерби натпреварот против екипата на Челси, па Фирмино дефинитивно ќе има „набиена агенда“ и ќе мора да го пропушти задолжителниот карантин на кој инсистира Јирген Клоп пред домашните натпревари на „црвените“.
Англиските медиуми најавуваат дека Клоп би можел да реши Фирмино воопшто да не игра против Челси, но тоа е малку веројатно во ситуација кога Ливерпул нема да може да смета ниту на Садио Мане, кој ќе настапува за својата селекција на Купот на Африкански Нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.