За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро и многу студено. Минималната температура ќе се движи од минус 16 до минус 8 степени, а максималната дневна на првиот ден од новата година ќе биде во интервал од 2 до 5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време. Во западните и северните делови утре ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад, а врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. В среда и в четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините, повремено со брзина околу 100 км/час. Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде в четврток и в петок кога ќе достигне од 7 до 2 степена. За време на викендот времето ќе биде сончево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.