| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо ја доби и титулата најдобар европски спортист за 2016 година

kristijano-ronaldo

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо е најдобар спортист на Европа за 2016 година според новинските агенции од Европа.

Полската новинска агенција ПАП се јавува како организатор на овој избор стар речиси шест децении, а Португалецот доби 204 поени од новинарите од целиот континент.

Енди Мари, тенисерот од Шкотска, освои 180 поени на второто место, а трета е пливачката од Унгарија, Катинка Хосцу со 136 поени. Понатаму во изборот следуваат шампионот во Формула 1, Нико Розберг, британскиот атлетичар Мохамед Фарах, германската тенисерка Анжелик Кербер и францускиот биатлонец Мартин Фукард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top