| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како ќе согорите 200 калории, без вежбање…

Еве неколку начини за ефикасно согорување калории, а за тоа да не сте ни свесни!

Почесто пазарете

Ако до продавница и назад ви се потребни 45 минути, тогаш сте согориле 200 калории тој ден.

Игра со децата

Секој час што го поминувате хранејќи ги, бањајќи ги и облекувајќи ги децата согорувате околу 260 калории. Бројот на потрошени калории се удвојува ако потрошите 1 час  на забава што бара физичка активност.

Измијте го возилото

Миењето на автомобилот ќе ви одземе минимум 1 час и ќе ви симне 300 калории. Вашиот автомобил ќе блеска, а и линијата ќе ви се „стесни“.

Одење во клуб

Танцување од 30 минути ќе ви согори барем 200 калории, а доколку стоите во кубот или шетате од едно место до друго во потрага по најдобрата забава – симнувате повеќе калории.

Исчистете ги подовите

Чистењето на подовите со правосмукалка и со крпа, и тоа во комбинација, ќе ви согори 300 калории за 1 час. Прво чистете со џогер во времетраење од 5 минути, а потоа концентрирајте се на потемелно чистење кое бара побрзи движења.

 

извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top