Актерката Кери Фишер (60) имала проблеми со срцето за време на летот од Лондон до Лос Анџелес и по слетувањето во критична состојба е пренесена во болница.
Според пишувањата на американските медиуми, актерката имала срцев удар во авионот.
Медиумите пишуваат и дека контролата на летање била информирана дека патник „не реагира“, но не било наведено неговото име.
Останатите патници преку социјалните мрежи информирале дека Фишер паднала и престанала да дише.
Патник доктор и дал итна помош – масажа на срцето и дишење уста во уста, раскажале анонимни извори, цитирани од ТМЗ.
Во соопштението за печатот авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека болничари го пречекале летот 935 од Лондон при неговото пристигнување, откако екипажот известил за патник во несвест.
Тод Фишер изјави дека неговата сестра добива одлична грижа, но прецизира дека не може да се утврди нејзината состојба.
Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Лејла во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст