Предновогодишниот период е резервиран за сумирање на резултатите од годината зад нас и за прослава на постигнатите успеси. Водени од толпата а без основа за славење на еуфријата ѝ се приклучи и СЈО. Откако револтирани граѓанина социјалните мрежи реагираа дека биле третирани како гости од втор ред во елитен ресторан, зашто „вториот кат од ресторанот бил резервиран за ВИП гости“, а неодамна вработениот Боки Бургија се пофали со Благодарница потпишана од Катица јанева „за ковање клинци во темница“, СЈО потврди во изјава за „Дневник“ дека по повод новогодишните празници, имале организирано прослава во скопскиот ресторан „Ден и ноќ“.
„По наше барање, од ресторанот беше доставена понуда за чинење на новогодишната прослава на лице и секој вработен што беше заинтересиран да присуствува на прославата си уплати за себе од свои лични средства. Укажуваме дека за прославата не беа потрошени средства од ова јавно обвинителство. По однос на прашањето за пушењето, укажуваме дека беа почитувани законските прописи и правилата на ресторанот“, се наведува во одговорот на СЈО. Познато е дека во својот годинашен извештај за трошење на определените пари за 2016 година СЈО наведе оти во шестмесечен период од 15 март до 15 септември оваа година потрошило вкупно 72.941.547,00 денари, односно повеќе од еден милион евра. Тоа се околу 28 проценти од вкупниот предвиден буџет за ова обвинителство, кој за 2016 година изнесува над четири милиони евра.
Од СЈО не откриваат колку од мегабуџетот изделиле за новогодишна прослава, но секако сумата не е за потценување ако се земе предвид дека СЈО е семејна фирма со обем на вработени како фабрика. Само од 1 април во колективот се вработени преку 34 лица.

На 15 март СЈО истекува шестмесечниот период за сработеното и СЈО ќе треба да поднесе извештај што срабило и за која цел ги троши народните пари иако граѓаните од 15 септември чекат одговор за што и каде се потрошени околу 1 милион евра кои недостасуваат во тој извештај.
Засега едно е сигурно дека обивинителите ја испраќаат старата година расположени и најадени. Она што останува енигма е кога ќе падне првото издржано обвинение на СЈО? Денеска, утре или поверојатно вчера… Вака би гласела дефиницијата на македонското право на апсурдот, кое по примерот на сродната драма речиси една година се провлекува низ македонската реалност. Преседан со еднострани обвиненија кон владејачката партија и неаргументирано јавно жигосување на нејзините челници, наспроти заштитничкиот однос кон врхушката на СДСМ, чијшто лидер и неговите гавази, како Верушевски и компанија, се величат како спасители и се чуваат како ретки птици.

Успешни или не, иако второто е емпириски докажано, но исто како и нивните безидејни и неработни ментори од опозициската партија, СЈО и Јанева егзистираат речиси дванаесет месеци со мегабуџет за домашни услови и уште посолени плати. Функционираат по принципот познат како „повикај пријател“ од играта „Милионер“. Секогаш кога СДСМ ќе падне во депресија од преголемиот константен набој на негативна енергија, партијата недостигот на програма и идеи го премостува со помошта на својот спасител, кој без никаков проблем стапува на сцена и со волшебното стапче, кое, меѓу другото, личи на чадор, од „бомбашките“ неосновани и пусти индиции создава инстант „случај“ против ВМРО-ДПМНЕ, давајќи ѝ време на морално и финансиски паднатата опозиција да се соземе од макатаи да се врати на нозе.
Она што не треба да се заборави, а што не става во неизвесност што да очекуваме во овие шест месеци, во кои е вклучен и изборниот период, е дека за шест месеци СЈО потрошило вкупно 72.941.547,00 денари (повеќе од еден милион евра). Тоа се околу 28 проценти од вкупниот предвиден буџет за ова обвинителство, кој за 2016 година изнесува над четири милиони евра.
„Освен извештајот за потрошеното за шест месеци, на интернетската страницата на СЈО се најде и документ насловен годишен план за јавни набавки во 2016 година, кој архивски е заверен на 27 јануари годинава. Во оваа 2016 има 251 работен ден ако се минусираат викендите и празниците. Според годишниот план, СЈО во работните денови предвидело дека ќе потроши милион и двесте илјади денари за авионски карти, 900 илјади денари за фотокопирање (плус 500 илјади денари за тонери и 600 илјади денари за канцелариски материјали), 300.000 денари за кетеринг услуги, 720 илјади денари за чистење на деловните простории, но и 155 илјади денари за кафиња во капсула. Стандардната цена за кафе во капсула изнесува околу 17 денари, што во превод би значело на дневна основа планирано е да се пијат по 36 кафиња“, објави во септември „Вест“.
Што се однесува до чистотата и хигиената во канцелариите на СЈО, според годишниот план се планира да се потрошат 250 илјади денари за хигиенски средства и 720 илјади денари за услуги за чистење, односно 3.864 денари дневно за услуга за чистење на деловни простории и хигиенски средства.
Освен тонерите за принтање, а кои се планирани 500.000 денари и канцелариските материјали во вредност од 600.000 денари, во годишниот план стои и ставка услуга за принтање за која во план е да се потрошат 900 илјади денари.
„Ваквите бројки укажуваат дека Специјалното јавно обвинителство планира да плаќа околу 3.585 денари на дневна основа за услуги за фотокопирање што, според цената на лист хартија за копирање, би значело дека СЈО планира секој работен ден да копира по околу 3000 страници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


