Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
– Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божик. Божик е празник кој го слави раѓањето на синот Божји. На овој празник ја славиме љубовта, надежта и животот. Ова е период од годината кога повторно се навраќаме на основните човекови вредности, кон потребата да бидеме солидарни, хумани и човечни, да му помогнеме на оној кому му е потребна нашата помош. На крајот на оваа година и на почетокот на Новата година да си посакаме мир во нашите срца, да ги надвладееме суетите и искушенијата од секојдневието и во духот на христијанството и на вековните традиции да си простиме и подадеме рака. На сите македонски граѓани, кои го прославуваат Рождеството Христово според Грегоријанскиот календар, им посакувам радост и среќа во текот на целата година со традиционалниот христијански поздрав – Христос се роди, се вели во честитката од претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани