Бројот на вработени во државната администрација во Србија во текот на 2017 година ќе биде намален за околу 5.000 лица, соопшти синоќа српската министрека за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ.
Во изјава за српската државна телевизија РТС, Брнабиќ нагласи дека најголемиот број од отпуштените државни службеници ќе бидат од министерствата за образование и за здравство.
Како што јави Танјуг, Брнабиќ истакна дека во моментов во државната управа, јавните служби, органите на локалната самоуправа и комуналните претпријатија во Србија има вкупно 425.683 вработени, што е за 23.600 помалку отколку во декември 2014 година/
– Тоа претставува намалување за 4,7 проценти, истакна Брнабиќ.
Таа нагласи дека покрај 425.683-те административци, во српските јавни претпријатија се вработени уште околу 147.000 лица, кои во текот на 2017 година исто така ќе бидат предмет на посебен процес на рационализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.